Поевтинуваат дизелот и екстра лесното, цената бензините останува непроменета

Од:

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот

Еуродизелот и Екстра лесното масло поскапуваат за денар

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Инцидент на технички преглед во Гостивар – Полил со бензин вработен и сакал да го запали своето возило – бил незадоволен од услугата