Поевтинува огревното дрво

Од:

Владата донесе одлука за намалување на цената на огревното дрво за физичките лица во претстојната грејна сезона. Според одлуката, за 10 проценти се намалува цената на огревното дрво од складовите на Македонски шуми за физичките лица и за 20 проценти за граѓаните корисници на социјална помош.

Новата цена на буката е 2.133 денари за метар просторен, односно 1.896 денари за лица корисници на социјална помош, а за дабот е 2.205 денари за метар кубен, односно 1.960 денари за лицата корисници на социјална помош, појасни Ѓорѓиев.

Корисниците на социјална помош може да купат најмногу до пет метри кубни огревно дрво.

Според него, Македонски шуми имаат обврска да обезбедат доволна количина дрва за задоволување на потребите на граѓаните. Во Македонија две третини од граѓаните за огрев користат дрво.

„Ова е доказ дека Владата води сметка за потребите на граѓаните и онаму каде што цените на определени производи зависат од одлучувањето на Владата тие се намалуват. Ова намалување е особено важно затоа што доаѓа во период на глобално зголемување на цените на реагенсите и затоа што во Македонија во изминатите години, и покрај зголемувањето на цените на огревното дрво во регионот, не само што не дојде до зголемување на цената на дрвото, туку доаѓа и до намалување“, истакна портпаролот Ѓорѓиев.

 

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он