Поевтинува бензинот и екстра лесното масло за домаќинство

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 1.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,137%, кај дизелот зголемување за 0,131%, кај екстра лесното масло намалување за 1,045% и кај мазутот зголемувањето е за 2,090%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 ден/кг.

Од 6.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,171 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Нови цени на горивата