Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и викендов за поднесување барања за субвенции

Од:

За да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и денеска и утре.

Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

– Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите подрачни единици ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите. Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици.

На веб страницата на Министерството за земјоделство се објавени и телефонските броеви на раководителите на подрачните единици за земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

За да поднесат барања што повеќе земјоделци кои ги исполниле условите за субвенции, Министерството изминатиов период отвори и дополнителни канцеларии во отвори дополнителни канцеларии во општините Росоман, Босилово, Василево, Ново Село, Облешево, Богданци, Старо Нагоричане, Могила и Новаци. Канцелариите се од времен карактер, за потребите на подрачните единици кои имаат голем обем на работа во екот на аплицирањето.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме