Подобрени условите во автокампот „Ливадиште“

Од:

Автокампот Ливадиште е една стратешка локација не само за Струга, туку и за регионот и потенцијал за развивање на туристичката понуда на нашата држава, посебно на Струшко-охридскиот регион. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на автокампот заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и управителот на „Елем турс“ Адем Авзиу, каде беа промовирани подобрените услови за корисниците на услугите.

– За Владата на Северна Македонија, за Министерството за економија, надлежно за областа за туризмот ваквите локации се многу важни за да бидат развиени се со цел да привлечеме повеќе туристи не само домашни, туку истовремено и странски. Креираме и дизајнираме одредени мерки, усвојуваме одредени програми, но секако дека подготвуваме и студии се со цел на одржлив начин да се развиваат тие важни локации, рече Бектеши.

Тој најави дека во тек се реализацијата на одредени мерки за развој на туризмот во земјава, споменувајќи ги чартер летовите, кои според министерот, се резервирани.

– Чартер летовите се резервирани, направени се сите наплати, очекуваме во текот на летото да имаме туристи, кои секако ќе го надминат бројот од претходната година, но и зошто да не се вратиме на бројките кои ги имавме пред времето на пандемијата, нагласи Бектеши.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, нагласи дека со реконструкцијата на автокамовите во земјава почнува инвестирањето во, како што рече, во еден зелен циклус, односно обновување на автокамповите и автокамповскиот туризам во државата.

– По некои проценки и студии овој тип туризам може да донесе од милион до милион и пол ноќевања во текот на сезоната во сите капацитети и автокампови, што можат да се реновираат и да понудат дополнителни содржини. Очекувам дека овие инвестиции ќе продолжат, ќе се подобруваат условите и во кампот „Ливадиште“ и тој ќе потегне еден циклус на инвестиции во другите кампови, истакна Јаневски.

Тој потсети на пораката на Светската туристичка организација за зелено постковид закрепнување во туризмот.

– Посакувам во наредните две до три години овој автокамп да се закити со првата зелена ѕвезда со категоризирање на плажите и дополнително би биле првиот одржлив автокамп во нашата земја, додаде Јаневски.

Управителот на „Елем турс“ Авзиу информира дека се преземани значајни чекори за подобрување на условите во автокампот „Ливадиште“, реновирани се тоалитетие и во делот на одржување на зеленилото.

– Создаваме нови услови за туристите, што ги користат нашите капацитети, на една од најубавите плажи во Струга. Нема да застанеме тука со нашите капацитети, со поддршката на Министерството за економија која цело време ја имаме и се обидуваме да привлечеме што е можно повеќе туристи, рече Авзиу.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска