Поднесени над 100.000 годишни даночни пријави до УЈП, рокот до 15. март

Од:

На две недели пред истекот на крајниот рок, 104.773 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.

Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот на 15 март со цел да се избегнат метежите во даночните канцеларии, а со оглед на тоа што се очекува да бидат поднесени уште 100 илјади годишни даночни пријави.

Годишна даночна пријава се доставува доколку во текот на 2014 година граѓанинот остварил приход по основ на кирија, за склучен авторски договор, за исплатен регрес за годишен одмор (К 15), дивиденда или камати по основ на заем, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од општите игри на среќа (од лото, бинго, квизови, наградна игра и сл.) во износ поголем од 5.000 денари, продажба на цврст отпад, лични примања од странство, како и доколку лицето е работно ангажирано во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно има лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварува лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет.

Годишна даночна пријава не се доставува за остварен приход од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Добивките од посебните игри на среќа  како казино, автомат клуб или обложувалница остварени во текот на 2014 година, не треба да се пријават во годишната даночна пријава.

Даночната пријава може да се поднесе во даночните канцеларии, во Контакт центарот Скопје секој работен ден и сабота од 09:00 до 20:00 часот, како и по пошта.

Граѓаните кои се регистрирани корисници на е-Даноци, од УЈП препорачуваат да ги поднесат Годишните даночни пријави по електронски пат преку преку http://etax.ujp.gov.mk.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов