Подготвен предлог закон за формирање агенција за безбедност на патиштата

Од:

Во завршна фаза е процесот на формирање агенција за безбедност на патишта, ново независно тело со професионален кадар, со крајна цел да се намалат бројот на жртви во сообраќајот. Предлог законот е веќе подготвен, до крајот на месецов треба да биде предложен до Владата, а во првиот квартал следната година на дебата до Собранието и да биде изгласан, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Пред вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан, што се одржува денеска во Скопје, Бочварски порача дека конечна цел на Владата е во следниот период комплетно да ја подобри состојбата на патиштата во државава и постојано да се зголемува безбедноста.

Целта на новото извршно тело ќе биде создавање модели за координација на активностите за подобрување на безбедноста преку безбедна инфраструктура, квалитени обуки на возачите, проценки кои се безбедни возила кои можат да се вклучат во сообраќајот, обуки на службите за реакции по собраќајни несреќи и сет други мерки кои значително ќе ја зголемат безбедноста на патиштата, рече Бочварски.

При разработка на моделите за формирање на ова тело земени се примери од соседните земји каде веќе функционира овој тип на тело на пример од Србија и Словенија каде бројот на несреќи значително е намален.

Во Националната транспортна стратегија, посочи, се предвидува до 2030 година да го намалиме бројот на жртвите на патиштата за 50 проценти.

Бочварски најави дека експресниот пат од Штип до Радовиш ќе биде завршен четири месеци пред рокот, посочувајќи дека со тоа се анулираат голем број црни точки по тој пат. Во тој контекст е важна и изградбата на експресниот пат од Градко кон Прилеп. Очекува деновиве во Собранието да се изгласа новиот закон за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид за да може да продолжи изградбата. Институционалните пречки, како што рече, се решават, проектите се одобруваат, а грешките се отстрануваат. Од 70 нови проекети, 63 веќе се одобрени.

Најави и дека наскоро согласно временските услови започнува со рехабилитација на Плетвар и посочи и дека се гради нов експресен пат Ранковце-Паланка на Коридорот 8 каде што има исто така тесно грло во сообраќајот.

-Друг аспект во активостите што ги преземаме за подобрување на безбедноста на патиштата, е проектот во рамките на ИПА 2 компонентата кој се однесува на замена на заштитните огради според европските стандарди долж Коридорот 10. Понатаму, во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, се работи на подобрување на ефикасноста и предвидливоста на транспортот преку развој на интелигентни транспортни системи, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска