Поддршка за КСС од гранскиот синдикат СОНК

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека како грански синдикат и член задутре ќе го поддржи предупредувачкиот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), зашто смета дека заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да се бара преку искажување јавно незадоволство бидејќи нема слух од надлежните.

Според СОНК, повеќе од две години на Конфедерацијата и е одземена законската можност да учествува во креирање на економската политика во државата, а смета и дека се спречува синдикалното организирање и дејствување на КСС и нејзините грански синдикати.

– СОНК ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор. Две години документите за репрезентативност на КСС седат во некоја фиока во Министерството за труд и социјална политика и се прави класична опструкција врз синдикалното делување на највисоко ниво. Штетата направена врз гранските синдикати, здружени во КСС, е огромна и непроценлива. И како ова да не е доволно, па се посегна по раководството на синдикатот. Бројни се примерите на раскинување договори за работа (бркање од работа) од страна на работодавачите врз синдикалните лидери на сите нивоа. Најпрво се отпочна со бркање од работа на претседателот на конфедерацијата, а потоа и на претседатели на грански синдикати при КСС, претседатели на синдикални организации, активни членови, наведува СОНК во објавата дека ќе учествува на протестот на 15 април.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска