Поддршка од ЕБОР од 250 милиони евра за справување со последиците од КОВИД-19

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оваа година за Република Северна Македонија ќе намени пакет од 250 милиони евра за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании. ЕБОР ќе го активира „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата.

Дел од поддршката на ЕБОР за земјава е насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка меѓу Владата и ЕБОР.

За активирањето на „Пакетот солидарност“ на ЕБОР било истакнато на онлајн видеоконференција која премиерот Оливер Спасовски и министрите за финансии и за економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектеши, ја одржале со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти и неговите соработници, во врска со состојбата и последиците од пандемијата.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, изразил задоволство како властите во Република Северна Македонија се справуваат со пандемијата на КОВИД-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците.

-Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето на преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера, информира владината прес-служба.

Премиерот Спасовски се заблагодарил за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период и за вклучувањето на нашата земја во „Пакетот солидарност“.

Спасовски искажал и посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски