Под притисок на Брисел, Франција ќе скрати уште 3,6 милијарди евра од својот буџет за 2015 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Откако Франција го претстави буџетот за 2015 година пред Европската комисија, таа изрази резерви околу непочитувањето на француските обврски преземени со европските договори.
Иако на почетокот Париз тврдеше дека нема да попушти пред барањата на Брисел за нови скратувања на Буџетот, сепак според министерот за финансии, Мишел Сапан, Владата предвидува да го намалување на дефицитот за дополнителни 3,6 милијарди евра.