Поцкова: Иако се прави и ребаланс на Буџет, пари за здравството нема, а истото функционира на основ на донации

Од:

Врз основа на планираното и ребалансот на Буџетот за годинава излегува дека дефицитот излегува 6,5 од бруто домашниот производ, а раст од 4,1 посто. Вака високо позиционираниот раст е многу висок и тешко се постигнува затоа што младите се иселуваат, нема продуктивност, не се реализираат капиталните инвестиции, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на собраниската седница на која се дебатира за ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Пратеничката укажа дека разликата меѓу приходи и расходи се зголемува на сметка на граѓаните, или истата ќе ја плаќаат тие.

„Со вакво проектирање граѓаните секое семејство се задолжува за дополнителни 500 евра или задолжувањето е за купување на социјален мир. Токму тој социјален мир скапо ќе го чини секој граѓанин“, рече Поцкова.

Според пратеничката за оваа влада секоја година е економска.

„На крајот излегува дека само цените се повисоки и ништо друго нема. Има само предизбпрен поткуп и грабеж на народните пари“, кажа Поцкова која се осврна на тоа дека Македонија има еден од најлошите резултати за инвестиции.

Сите држави од регионот имаат повеќе инвестиции од Македонија, додаде таа.

„Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни Босна и Херџ=цеговина има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти“, рече Поцкова.

Пратеничката се осврна и на тоа дека во ребалансот требало да има пари за здравството особено поради ковид пандемијата.

„Дали нашето здравство го заслужува ова? Здравството се базира на донации, значи државата одвои многу малку средства за оваа област“, рече Поцкова.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6