Почнуваат ИПАРД инфо деновите за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

Од:

Од Кочани и Берово денеска почнуваат ИПАРД инфо деновите за мерката 7: „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка.

Од 14 часот караванот се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да учествуваат во работилницата за ИПАРД, а претставниците на Платежната агенција и на Телото за управување со ИПАРД ќе им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни апликации за добивање средства од мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси”.

На овој Јавен повик, отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат барања за користење  средства за алтернативно земјоделско производство, производство на прехранбени производи и пијалоци (алкохолни производи од овошје и пиво, колачи, тестенини и пекарски производи, чај и билни екстракти, зачини и билки, слатководна риба, ракови и мекотели и други производи кои не се наведени во Листата од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ, производство на непрехранбени производи, занаетчиски дејности (согласно Правилникот за определување дејности кои можат да ги вршат занаетчиите), услуги во земјоделството, развој на услуги за руралното население и промоција на руралниот туризам.

-Како корисници на мерката 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65 отсто од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9,6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија. Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво, информира Платежната агенција.

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страницата www.ipardpa.gov.mk.

Планирано е новиот ИПАРД инфо циклус да се одржи во поголем број населени места. 

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска