Почна собраниската расправа за Буџетот

Од:

Намалување на непродуктивните трошоци и обезбедување простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија, е основната цел на ребалансот на Буџетот, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред пратениците.

dobivaj vesti na viber

Образложувајќи ја потребата од прекројување на државната каса, Тевдовски напомена дека ребалансот е прва можност новата Влада да почне да ги вградува своите верувања и вредности во Буџетот.

Првите ограничувања, потенцира, ќе бидат во делот на неподмирените долгови, кои заклучно со 31 мај 2017 година изнесуваат 22,4 милијарди денари или 364 милиони евра.

– Обврските на буџетските корисници и фондови, заедно со локалните установи, финансирани преку блок дотации изнесуваат шест милијарди денари. Долговите се најголеми во културата, дури 2,4 милијарди денари, а се должат пред се на неплатените обврски за концертната сала на Филхармонијата која беше помпезно отворена, Драмскиот театар, објектот „Мајка Тереза“ и театарот во Велес, посочи Тевдовски.

Сериозно високи се, додаде, и обврските на локалните образовни установи, министерствата за здравство, внатрешни работи и образование.

Второ ограничување се веќе склучените договори за тековни или идни проекти кои ако се раскинат, укажа, државата ќе треба да плаќа пенали.

– Затоа, единствена здрава опција за ребалансот беше намалување на непродуктивните трошења кои се во рацете на власта – службени патувања, репрезентации, економски промоции и рекламирање, потенцира Тевдовски.

Тој го подели излагањето во пет делови. Прво ја претстави основната цел на ребалансот, објасни зошто е потребен и што треба да постигне, а потоа се осврна на макроекономските движења и проекции, даде приказ на остварувањето на буџетските проекции во првата половина на годината, ги изложи поважните предлози за измени и дополнувања на Буџетот, како и потребата за финансирање на буџетскиот дефицит и долгот.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае најмногу пет дена.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа продолжување на кризните состојби поради недостиг на електрична и топлинска енергија

(ВИДЕО) Во Собрание се дискутира за нуждата на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ: Ова е насилство

Кристијан Ландов

Прва редовна координација во Собранието по колективниот одмор

Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО на дневен ред на седница на Собранието

(ВИДЕО) Џафери се налути и се закани дека ќе го распушти Собранието бидејќи немаше кворум: Ова не може да се толерира

Кристијан Ландов

Ристески: Ни мртов нема да гласам за ова, да ви се мочам во предавничкиот договор