Почна откупот на тутунот во Струмичко

Од:

Пет компании на околу триесет откупни пунктови во Струмичкиот регион почнаа со откуп на тутунот од годинашната реколта, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Откупот почна еден месец порано од последниот законски рок, а тутунопроизводителите годинава очекуваат поголема просечна откупна цена од лани и покрај тоа што родот на тутунот од годинашната реколта поради сушата е намален за 10 до 15 отсто во споредба со лани.

– Очекуваме во Струмичко да има околу 2,5 милиони килограми тутун, но самата суша го намали родот на околу 2,3 милиони. За разлика на тоа ќе имаме поквалитетен тутун и ќе имаме подобра цена. Ако лани во Струмичкиот регион добивме 210 денари просечна цена, очекуваме оваа година просечната цена да биде 220 денари за килограм, нагласи Трајков.

Заради подобриот квалитет тутунарите очекуваат и исплата на повисоки субвенции, односно ќе ги нема понеквалитетните берби за кои и субвенциите се помали, односно изнесуваат 60 денари за предаден килограм тутун, за разлика од поквалитетните за кои се исплаќа 70 и 80 денари.

Оваа година тутунот во Струмичко е засаден на површина од околу 1.200 хектари. Од петте компании кои вршат откуп во овој дел од државата пополнети се околу 2.400 евидентни листови од страна на тутунопроизводителите.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени

Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто