Почна исплатата на субвенциите за земјоделците

Од:

Околу 25.000 земјоделци ќе добијат 821 милион денари финансиска поддршка за произведен и продаден тутун, за поледелско, како и за сточарско производство, односно за произведено кравјо, овчо и козјо млеко.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески субвенициите ќе бидат целосно исплатени до идната Среда.

„Ова е уште доказ за посветеноста на Владата кон аграрот, за поддршката што им ја дава на земјоделците во континуитет, но и за тоа дека земјоделството е една од за нас приоритетните гранки. Како што ветивме, денеска почна исплатата на субвенциите за произвден и продаден тутун од реколтата 2011 за која законскиот рок е јуни 2013 што значи средствата се исплаќаат цела година порано со забрзана динамика“, рече Ставрески.

На сметките на 13.555 земјоделци се веќе префрлени 620,7 милиони денари за килограм тутун или по 60 денари. Исплатени се средства на откупните центри Сокотаб – Битола, Тутунски комбинат Прилеп и Алијанс Уан – Кавадарци.

Денеска на 4.600 земјоделци веќе им се префрлени дополнителни 75 милиони денари за поледелското производство или по 8.500 денари од единица површина, што се надоврзува на исплатата реализирана минатата недела, а реализирани се и 126,5 милиони денари на 7.637 лица за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко или по околу 3,5 денари за литар.

 

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници