Пластичните ќеси од денеска нема да бидат достапни на локациите на „Макпетрол“

Од:

Следејќи ги светските текови, како и новите измени во законот за отпад во земјава, на бензинските станици и сите останати продажни локации на „Макпетрол“ од денеска веќе нема да бидат достапни пластични, туку само хартиени ќеси.

Со цел заштита на животната средина и давање придонес во намалувањето на количеството отпад што секојдневно се создава, на купувачите ќе им биде овозможено да користат амбалажа што е значително поеколошка.

– Новите измени во законот за отпад овозможуваат пластичните ќеси по одредена цена и понатаму да бидат во употреба на продажните локации, но нашето уверување е дека тоа не е долгорочно одржливо решение. За таа цел, како општествено одговорна компанија одлучивме ваквата амбалажа целосно да ја укинеме на нашите локации, а купувачите на располагање ќе ги имаат хартиените ќеси, кои што за значително пократок период се разградуваат во природата. Како и досега, зачувувањето на околината преку еколошки издржани чекори и во иднина ќе биде значаен дел од компаниската стратегија – истакнуваат од „Макпетрол“.

Последните податоци од Заводот за статистика укажуваат дека во 2020 во земјава се произведени над пет илјади тони вреќи и пластични ќеси, што е за 65 отсто повеќе споредено со 2010 година.

Според „Иницијативата за забрана на пластичните ќеси“ македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони вакви пакувања на годишно ниво иако неофицијално се проценува оти тоа количество достигнува и половина милијарда.

Просечно, секој жител на државата користи околу две пластични ќеси дневно. Капацитети за рециклирање во Македонија нема, но и на глобално ниво, само помеѓу пет и 15 проценти од пластичните ќеси се рециклираат.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство