Пласманот, откупната цена и немањето преработувачки капацитети, клучни проблеми за земјоделците

Од:

По претседателските избори очекуваме измени во Програмата за рурален развој со кои ќе се отстранат дискриминаторските критериуми и ќе се овозможи искористување на поддршката од страна на жените кои се активни членки во секое семејно земјоделско стопанство, порача денеска претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска.

Пред почетокот на редовната седница на Годишното собрание на Федерацијата, Мојсовска изјави дека пласманот на производите и климатските промени се уште се најголемите проблеми со кои се соочуваат македонските земјоделци.

-Со години апелираме дека производната цена е далеку повисока од откупната. Потребни ни се и преработувачки капацитети за вишокот земјоделски производи, како и регулирање на продажбата „од куќен праг“ иако дел од овие правилници се веќе почнати. Минатата година на Првиот форум беа дадени и препораки за спречување или барем за намалување на дел од проблемите со кои се соочуваме, рече Мојсовска.

Според неа, малите, семејни стопанства заслужуваат поддршка зашто се столбот на македонското земјоделство, но и за поголемите кои инвестирале долги години треба да се изнајдат мерки кои ќе им го олеснат работењето и ќе им овозможат да напредуваат, да се развиваат и да повлекуваат средства од програмите за поддршка.

Претседателката на НФФ најави дека идниот месец ќе се организира Вториот земјоделски форум на кој ќе бидат презентирани успешните примери на договорно производство во регионот.

Редовната седница почна со обраќања на Мојсовска, на министерот за земјоделство Љупчо Николовски и на деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Вјекослав Танасковиќ. На седницата зборуваше и регионална директорка на шведскиот кооперативен центар We Effect Европа, Анели Лејна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

Орце Костов

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он

Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата

Ана Ололовска

НФФ: Да се реализира мерката за активен женски член во земјоделско стопанство и да се зголеми бројот на одобрени апликации од 100 на 400

Ана Ололовска

Националната федерација на фармери бара во пакетот на економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците

Ана Ололовска