Петти саем за вработување и пракса „Контакт“

Од:

На факултетите за електротехника и информациски технологии, за информатички науки и компјутерско инженерство и на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од денеска до 5 април се одржува петтиот саем за вработување и пракса „Контакт“, на кој ќе се претстават 22 реномирани компании од областа на електротехниката, електрониката, машинството и информатичките науки.

– Интересот на компаниите за стручните лица од овие области е постојано во подем. На саемот, компаниите ќе можат да ги пронајдат личностите кои ја поседуваат желбата за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера, вели Виктор Георгиевски, главен организатор од Студентскиот парламент при ФЕИТ.

Тој ги охрабрува сите заинтересирани студенти да ги посетат компаниите и, како што посочува, да станат дел од големиот број успешни приказни кои произлегле од овој саем.

На овој начин велат студентите ќе се овозможи директна комуникација на студентите со компаниите и со работодавците, како и можности за професионално надградување и вработување. Годинава, на саемот „Контакт“ ќе се претстават компаниите KOSTAL, Draxlmaier, Marquardt, Asseco, Apave, Amphenol, Aptiv, EVN, LTH Learnica, GOBIVA, Netcetera, Intertec, ATS Global, doXteam, Closer, iBorn, MCA, Newman’s Business Accelerator, Pop Leads, Systems for Enterprise, StepUp.

Саемот „КОНТАКТ“ е поддржан од ФЕИТ, ФИНКИ и МФС, од Центарот за менаџмент консалтинг, образование и наука Мотива и од Македонија 2025.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

Орце Костов