Петроски: Се политизира изградбата на автопатите

Од:

ВМРО – ДПМНЕ денеска оцени дека започнатата изградба на патиштата не треба да биде прекината од страна на Владата и посочи дека СДСМ треба да ги исполни дадените ветувања за изградба на 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта.

Осврнувајќи се на стопирањето на изградбата на автопатите Божидар Петроски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ ја политизира изградбата на автопатот Кичево – Охрид не земајќи ја предвид важноста на проектот.

– Секаде во светот при изградба на големите инфраструктурни проекти, се појавуваат одредени проблеми, но задача на одговорните ресори е да пронајдат решенија за отстранување на тие проблеми и навреме да се довршат овие проекти за кои потребно е многу време да се подготват и да се реализираат. Исто така секој ден одложување на изградбата значи и загуба за економијата и туризмот поради лошата инфраструктурна поврзаност и слабиот проток на возила која постои во моментов, рече Петроски.

Тој посочи дека се проблематизира и пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица и изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, а прекината е и градбата на автопатот Штип – Миладиновци.

Би можело да ве интересира

Македонија и земјите од ЗБ со Документ за развој на железничкиот транспорт како приоритетна цел

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Битиќи: Убедени сме дека во Законот за автопати нема ништо што е спротивно од законските одредби

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Ана Ололовска

ВИДЕО: Наскоро во употреба реконструираниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“

Ана Ололовска

Бочварски: Ќе имаме модерна безбедна патна инфраструктура

Ана Ололовска