Пешевски се сретна со претседателот на фондацијата „Project HOPE“ Џон П. Хоув

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на денешната средба со претседателот на здравстената фондација „Project HOPE“, Џон П. Хоув, разговараше за досегашната, како и за идната соработка помеѓу оваа фондација и Република Македонија.

Вицепремиерот Пешевски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази благодарност за досегашните донации кои се од голема значајност за македонското општество и изрази желба за продлабочување на идната соработка.

Со донација на лекови и медицински материјали во 1992 година за Министерството за здравство на Република Македонија, во вредност од 1.9 милиони американски долари, „Project HOPE“ станува една од првите здравствени организации која обезбедила хуманитарна помош за Македонија.

Од 1992 година до денеска вредноста на донациите во фармацевтски, потрошни медицински материјали и медицинска опрема, достигнува до речиси 70 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов