Пчели произведoa обоен мед

Од:

Пчелите од кошниците во близина на градот Рибовил во регионот Алзас во Франција, од август произведуваат мед со зелена, сина, кафеава боја и невообичаено жолта боја, на големо изненадување на пчеларите.

Тие почнаа да ги бараат причините за бојата на медот и откриле дека фабриката за биолошко гориво, која се наоѓа на околу четири километри од нивните кошници, во процесот на производство го обработува отпадот од производите на “Марс” – бонбоните “М & М” кои се продаваат во црвена, сина, зелена, жолта и кафеава боја.
– Можеби овој мед има ист вкус како нормалниот, но тоа не е мед за мене. Тој не може да се продаде и е дополнителен проблем на десетина пчелари од североисточниот дел на Франција, кои се борат и со високата смртност на пчелите и малите резерви на мед по суровата зима – изјави Алан Фри, претседател на синдикатот на пчеларите.
Од “Агривалор”, компанијата која е сопственик на фабриката за био-гориво, велат дека се обидуваат да го решат проблемот.

– Го откривме проблемот во исто време како и пчеларите. Одма покренавме постапка за негово решавање. Компанијата ги исчисти своите контејнери и отпадот се чува во затворена хала – рече Филип Мејнрад, менаџер на”Агривалор”.

Компанијата “Марс” не го коментира овој случај. “Марс” има фабрика за чоколадо во близина на Стразбур, одалечена околу 100 километри од погодените пчеларници.

Франција е еден од најголемите производители на мед во Европската унија, со околу 18,3330 тони годишно, според податоците на Националната агенција FransAgriMer.

Во последниве неколку години, бројот на пчелите драстично се намали, а француската влада забрани употреба на пестицидот “Cruiser OSR”, кој во едно истражување е поврзан со високиот степен на смртност на овие инсекти.

Градот Рибовил, е сместен на винскиот пат југозападно од Стразбур, исто така е познат и по своите лозја. Покрај производителите на вино во Алзас работаат и околу 2.400 пчелари со 35.000 колонии и производуваат 1.000 тони мед годишно, наведуваат од Комората за земјоделство на овој регион.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов