Патничките летови во ЕУ во декември пораснале за дури 130 отсто

Од:

Во декември 2021 година, бројот на патнички летови во ЕУ се зголемил за 130 отсто во споредба со истиот месец во 2020 година, според Евростат. Сепак, ова е се уште далеку под нивоата пред пандемијата (-24 проценти во споредба со декември 2019 година).

Во апсолутна смисла, бројот на трговски летови во декември 2021 година изнесува 383.720 во споредба со 166.990 во истиот месец во 2020 година и 504.270 во декември 2019 година.

Секторот на воздушниот транспорт почна полека да закрепнува во 2021 година, според Евростат. Во првите први месеци од минатата година, сепак, немаше знаци за такво закрепнување: јануари (-68 отсто во споредба со истиот месец во 2019 година), февруари (-73 отсто), март (-71 отсто), април ( – 70 проценти). Ситуацијата почна да се менува во мај (-67 проценти), јуни (-54 проценти) и август (-31 проценти). Во септември повторно имаше малку поголем пад (-33 проценти), но октомври (-30 проценти), ноември (-26 проценти) и декември (-24 проценти) беа најблиску до нивоата пред пандемијата.

Земјите во ЕУ со најмал пад на трговските летови во декември 2021 година се Хрватска (-6 отсто во споредба со август 2019 година), Грција (-8 отсто) и Кипар (-9 отсто). Од друга страна, летовите паднаа за повеќе од 40 отсто во Чешка и Австрија (-41 отсто во двете земји). Падот во другите земји беше помалку од една третина.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски