Паркот на ветерници „Богданци“ го надмина планираното производство

Од:

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал над 87 гигавати електрична енергија со што го надмина планираното производство за тој период за 37,5 отсто.

Тоа значи дека на четири месеци до крајот на календарската година, овој производствен капацитет остварил над 91 проценти од годишниот производствен план предвиден во енергетскиот биланс.

– Производството на ВЕЦ Богданци во првата половина од 2020 година заклучно со 30-ти јуни е 68 452 мегавати или 43,5 отсто повеќе од планираните 47 712 мегавати. Ова е рекордно производство во првото полугодие од постоењето на ВЕЦ Богданци, информираа денеска од Електрани на Северна Македонија.

Оттаму велат дека реализираното производство е поголемо од планираното поради поволните временски услови и ветрови поголеми од 4 m/s.

Со реализација на втората фаза целосно ќе се заокружи проектот „Ветерен парк Богданци“ на проектираната инсталирана моќност од 50 мегавати и вкупно годишно производство од околу 137 гигавати. Втората фаза, за кој постапката за реализација е во тек, се состои од 4 до 6 турбини, секоја со номинална моќност од 3 до 4 мегавати. Со оваа фаза ќе се изврши зголемување на капацитетот на постоечкиот Парк на ветерни електрани за дополнителни 13.2-15 мегавати. Планираната инвестиција е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра се од германската КфВ банка и 3 милиони евра средства на АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов