Париз и Мадрид бараат измена на правилата за регулација на европските пазари на енергија

Од:

Франција и Шпанија побараа измена на правилата што ги регулираат пазарите на енергија на Европската унија поради скокот на цените на гасот и електричната енергија, што ги зголемува и инаку високите сметки за комунални услуги и доведува до дополнително „затегнување на ременот“ на луѓето кои беа тешко погодени од пандемијата со коронавирусот.

Европските влади се обидуваат да најдат начини да ги ограничат трошоците за потрошувачите бидејќи оскудните резерви на природен гас доведуваат до повисоки цени и евентуален недостиг доколку зимата е студена. Цените на природниот гас се пониски во САД, кои произведуваат сопствен гас, додека Европа се потпира на увозот.

„Цената на гасот скокна масовно и брутално во последните неколку недели. Јасно е дека ова е прашање што предизвикува голема загриженост за сите нас”, рече францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, пред да се сретне со колегите од 19 земји кои користат заедничка валута – евро.

Шпанската министерка за економија Надија Калвино, чија земја е меѓу најтешко погодените од зголемувањето на цените на енергијата, рече дека „ова не е прашање со кое можеме да се справиме на национално ниво“.

„Потребен ни е координиран европски одговор“, им рече таа на новинарите на состанокот во Луксембург и ја повика Европската комисија „да преземе одлучни и итни мерки за решавање на ова прашање“.

Речиси три милиони работници во ЕУ во моментов не можат да си дозволат да ги загреат своите домови, според Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ). Една студија објавена минатиот месец од ЕТУЦ, која претставува 45 милиони членови, вели дека 15 отсто од сиромашните работници во ЕУ, што значи 2,7 милиони луѓе, немаат доволно пари да вклучат греење.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право