Пандемијата предизивка пад на економијата и зголемена потрошувачка во Албанија

Од:

Затворањето на економијата и неактивноста во градежниот сектор, во почетокот на март, поради ширењето на коронавирусот, доведоа до пад на албанската економија во првиот квартал од годинава, соопшти Институтот за статистика ИНСТАТ.

Падот во економијата изнесува 2,52 проценти, споредено со истиот период минатата година.

„Економијата беше блокирана како дел од мерките за борба против Ковид-19, што доведе до тоа многу сектори да прекинат со работа.Градежниот сектор беше најпогоден каде се забележани -1,29 процентни поени. И во главните гранки на економијата, градежната активност е намалена за 16,6 процентни поени во однос на првиот квартал од 2019 година,наведува ИНСТАТ.

Втор сектор што е најпогоден е трговијата, транспортот и сместувањето со -0,58 процентни поени.

„Од друга страна, сектори што бележат раст се земјоделството, шумарството и риболовот со 0,71 процентни поени. Карантинот доведе до зголемување од 1,12 проценти во секторот потрошувачка, додава ИНСТАТ.

Според истиот извор во вториот квартал се очекува дополнително да се продлабочи овој тренд на намалување, бидејќи два месеца секоја активност беше суспендирана.

Претходно, гувернерот на Централна банката на Албанија, Гент Сејко, изјави дека во второт квартал економијата се очекува да забележи најсилен пад во последните две децении.

-Предвидуваме најсилниот удар врз албанската економија да биде во вториот квартал. Во третиот и четвртиот квартал на 2020 година ќе имаме економски пад не толку силен како во вториот квартал, но закрепнувањето ќе дојде во 2021 година, секако во случај да немаме враќање на коронавирусот и повторување на мерките за изолација, рече Сејко.

Додаде дека очекува во летниот период да има, како што вели, релаксирано менаџирање и повторно отворање на економската активност.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија