Пандемијата може да втурне 150 милиони луѓе во екстремна сиромаштија

Од:

Поради пандемијата на коронавирусот, 150 милиони луѓе ширум светот може да потпаднат во екстремна сиромаштија до крајот на 2021 година, соопшти денеска Светската банка.

Во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет, меѓународната финансиска институција наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе ќе западнат во екстремна сиромаштија или ќе живеат со помалку од 1,90 долари на ден во 2020 година.

Со ова, би се поништил целиот напредок во намалувањето на сиромаштијата во последните три години, се вели во извештајот.

Во него се наведува и дека бројот на крајно сиромашни луѓе во светот може да се искачи на 150 милиони до крајот на 2021 година. Тоа би значело дека оваа година 9,1-9,4 проценти од светското население ќе живее во екстремна сиромаштија, приближно исто како 9,2 проценти во 2017 година.

Како што се наведува, тоа би било прво зголемување на процентот на екстремна сиромаштија во последните 20 години.

Би можело да ве интересира

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 отсто, а во 2025 од 2,9 отсто

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Македонска економија годинава со раст од 1,8 проценти и инфлација од 9,1 отсто