Пад на Волстрит

Од:

На Волстрит денеска паднаа берзанските индекси бидејќи инвеститорите се загрижени за слабеењето на трошоците, главниот двигател на економијата и неизвесноста околу преговорите за зголемување на задолжувањето на државата. Dow Jones загуби 1,01 отсто, на 33.012 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,64 отсто, на 4.109 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 12.343 поени.

Серијата податоци што укажуваат на забавување на растот на американската економија продолжи и вчера со податоците за потрошувачката. Продажбата на мало се зголеми за 0,4 отсто во април, многу помалку отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Ројтерс.

На слабост на потрошувачката предупреди и малопродажниот синџир Home Depot, кој во последниот квартал оствари послаби деловни резултати од очекуваните и ги намали проценките за заработката за целата година.

Растот на најголемата светска економија постепено се забавува, откако американската централна банка драстично ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата. Сепак, прашање е колку долго инфлацијата ќе остане на покачени нивоа.

Инвеститорите се надеваат дека инфлациските притисоци значително ќе се намалат во наредните месеци, што ќе му овозможи на ФЕД да започне со намалување на каматните стапки на крајот на годината.

Сепак, претставници на ФЕД велат дека инфлацијата ќе остане покачена некое време и дека намалувањето на каматните стапки нема да се случи наскоро. Впрочем, некои велат дека може да има дополнително зголемување на каматите.

Внимателни се и инвеститорите поради неизвесноста околу преговорите меѓу демократите и републиканците за зголемување на плафонот за задолжување на државата. Доколку до 1 јуни не се постигне договор во Конгресот, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.

Цените на акциите вчера благо паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,34 отсто, на 7.751 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,12 отсто, на 15.897 поени, а париски CAC 0,16 отсто, на 7.406 поени.

Би можело да ве интересира

Волстрит падна на почетокот на новата седмица

Азиските берзи го следат растот на Волстрит – доларот ослабе, падна цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Повторно зголемена основната каматна стапка во САД, Волстрит потона

Катерина Ѓуровски

Вол стрит падна трет ден по ред

Ана Ололовска

Остар пад на Вол стрит, расте стравот од рецесија

На Вол Стрит најлошо прво полугодие од 1970 година