Пад на побарувачката за „црно злато“ во 2020, предвидува ОПЕК

Од:

Членките на ОПЕК минатиот месец произведоа 29,83 милиони барели сурова нафта дневно или 60.000 помалку во однос на мај.

Во својот месечен извештај, објавен денеска, Организацијата за извозници на нафта наведува дека обемот на производството е намален за 142.000 барели во санкциите против Иран до 2.23 милиони.

Покрај тоа, во Ангола беа произведени 57.000 барели помалку или 1,42 милиони дневно.

Нигерија имаше највисок раст на производството од 129.000 барели на 1.86 милијарди барели дневно, по што следи Саудиска Арабија со зголемување од 126.000 барели на 9.81 милиони на ден.

Прогнозата на ОПЕК за овогодинешниот раст на побарувачката останува на 1,14 милиони барели дневно, на вкупно 99,87 милиони.

Најголемиот дел од овој раст на побарувачката им се припишува на Азија и Кина.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски