Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто, а од почетокот на годината за 11,3

Од:

Индустриското производство во октомври годинава бележи пад од 5,2 отсто во однос на октомври 2019, а од почетокот на годинава до октомври во однос на периодот јануари-октомври лани има пад од 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,7 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на текстил, на облека, производство на други неметални минерални производи, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, на електрична опрема и производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 35,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во мај повисоко за 6,1 отсто

Во Стопанската комора конституиран Совет за унапредување на индустриското производство и извозот

А1он

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти

А1он

Индустриското произвотство во ноември со пад од четири отсто, од почетокот на годинава пониско за 10,6 проценти

Катерина Ѓуровски

Драстичен пад на индустриското производство во Италија во септември

Жарко Настоски