Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Од:

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика.

Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен.

Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, печатење и продукција на снимени медиуми, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство
на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани индустриското производство бележи опаѓање од 3,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Намалено индустриското производство

Индустриското производство намалено за 3,6 отсто

Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во мај повисоко за 6,1 отсто

Во Стопанската комора конституиран Совет за унапредување на индустриското производство и извозот

А1он

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти

А1он