Значително намален германскиот извоз во Русија и Кина

Од:

Германскиот извоз во Русија и Кина е значително намален во октомври, покажаа денеска објавените прелиминарни податоци на националниот Завод за статистика (Дестатис).

Германскиот извоз во Русија е повеќе од преполовен во споредба со истиот период минатата година, намалувајќи се за милијарда евра, се посочува во прелиминарниот извештај за извозот во категоријата „трети земји“.

Извозот во Кина оппаднал за околу осум отсто на 8,6 милијарди евра, што ја одразува строгата кинеска политика на „нулта толеранција“ кон Ковид-19 која влијаеше врз економската активност, проценува „Дестатис“.

Извозот во САД како главна извозна дестинација е значително зголемен, за 28 отсто во однос на ланскиот октомври, на 13,9 милијарди евра. Растот и натаму е поблаг од септември, кога на годишно ниво скокна за 43,7 отсто.

Извозниците имаат корист од послабото евро, бидејќи заслабнатиот курс на валутата во однос на доларот ги прави нивните производи поевтини за американските купувачи.

Извозот во Велика Британија и во октомври на годишно ниво значително се зголемил за 10,2 отсто.

Прилагоден за календарски и сезонски ефекти, германскиот извоз во земјите надвор од ЕУ во октомври падна за 1,6 отсто во споредба со септември кога порасна за еден отсто.

Вредноста на извозот минатиот месец изнесувал 61,2 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он