Пад на акциите на Астон Мартин

Од:

Астон Мартин најави дека годинава очекува пониска продажба отколку што се планирало, поради светската побарувачка, како и поради Брегзит. Поради тоа, цените на акциите во компанијата паднаа за нешто над 20 отсто.

Автопроизводителот кој својата светска слава ја стекна, меѓу другото, и преку „Џејмс Бонд“ филмовите, сега својата проценка за 2019 година ја сведе на 6.300 – 6.500 продадени возила, а претходно таа изнесуваше 7.100 до 7.300 возила.

– На нашите високопродажни резултати, негативно влијае макроекономската неизвесност и постојната слабост на пазарите во Велика Британија и Европа. Разочарани сме што продажбата краткорочно не ги задоволи нашите првични очекувања, но пред сè, ние сме посветени на запазување на квалитетите на продажбата и на позициите на нашиот бренд. Засега, нашиот фокус е на долгорочен одржив раст, изјави извршниот директор на Астон Мартин, Енди Палмер.

Компанијата ја намали и маржата на оперативните добивки за 2019 година на осум отсто, наспроти претходните 13 отсто.

Астон Мартин во февруари издвои 30 милиони фунти за фондот за финансирање непредвидени ситуации, за полесно пребродување можни негативни влијанија од Брегзитот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска