Овчарите бараат вонредна мерка – поддршка од максимум 40 денари за килограм јагнешко

Од:

Алармантната состојба во овчарството и ниската откупна цена на јагнето, ќе бидат темите на годишното собрание на Сојузот на овчари што ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство.

Сточарите од собранието ќе упатат директно барање до Владата – да им обезбеди вонредна мерка во вид на финансиска поддршка за да не работат, како што велат, со загуба.

– Откупната цена за прва класа јагнешко е 140 денари/килограм жива мера, а за втора 130. Според последните проценки врз основа на производните трошоци, цената треба да изнесува 182 денара. Но, ние сепак, не ја земаме предвид таа цена, туку остануваме на „старата“ од 175 денари што беше претходно утврдена. Затоа ќе побараме вонредна мерка за доплата како кај тутунот, но до 40 денари за килограм, вели за МИА претседателот на овчарското здружение „Агроцентар“, Митко Јанков.

Јанков објаснува дека висината на поддршката нема да биде за сите овчари иста, туку ќе зависи од постигнатата откупна цена на јагнето, но битно е, додава, да биде максимум 40 денари.

-Поддршката да се утврдува врз основа на откупната белешка каде јасно стои колку тежело јагнето и за колку е продадено, е нашиот предлог. Белешката ќе се однесе во Општина и таму на секој од нас ќе му се доплати, нагласува Јанков.

На собранието на овчарите се очекува да присуствуваат претставници од Владата и од Министерството.

 

Би можело да ве интересира

Николовски: Сите програми на министерството се донесени согласно закон

Дополнителниот заменик министер е против малите производители на храна и малите винарии – реакција на Министерството за земјоделство

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал

Остануваат уште две недели за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

А1он

МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка

А1он

Договорена откупната цена на зелката до 20 април од минимум 15 денари за килограм

А1он