Oтворено со Управата за имотно правни работи

Од:

 Граѓаните од денеска преку директна комуникација со стручни тимови на Управата за имотно правни работи ќе може да добијат стручна помош за решавање проблеми од имотно правен карактер и да добијат одговор на прашања од таа област.

За таа цел ќе се спроведе акција „Отворено со Управата за имотно правни работи“  во просториите на подрачните одделенија за првостепена управна постапка, која ќе трае до 28 март од 10 до 18 часот, соопшти Министерството за финансии.

Денеска и утре акцијата ќе се одвива во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во општините Карпош, Центар и Кисела Вода. На 22 март граѓаните добиваат можност за средби со стручни тимови на Управата во подрачното одделение за првостепена управна постапка во Куманово, на 25 во Битола, на 26 во Охрид и во Струга, на 27 во Гостивар  и во Тетово. Акцијата ќе заврши со активности на 28 март во подрачните одделенија за првостепена управна постапка во Струмица и во Штип.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов