Отворен Саем за туризам во Скопје

Од:

Во просториите на Ист Гејт Мол во Скопје денеска е отворен Саем на туризам, каде ќе се презентираат дваесет хотелиери од Турција.

Како што е најавено, посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и туристичко патување по специјални попусти кои ќе бидат достапни директно на саемот, така што за нив се предвидени и подароци, но исто така се потенцијални добитници на подарок летување во Турција или Грција.

-На саемот ќе се презентираат 20 хотелиери од Турција кои на македонските граѓани им се познати бидејќи Анталија им е една од омилените дестинации за летен одмор, се наведува во соопштението.

На настанот ќе се обрати Емрах Сејид, генерален менаџер на ВАС Тур Турција, Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел и Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во земјава.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска