Откриен најголемиот таен глобален кредитор, поголем од ММФ и Светска банка

Од:

Истражувањата покажуваат дека кинеските државни банки издале околу една четвртина од вкупните кредити на пазарите во развој.

Тоа доведе Кина да стигне на водечката глобална позиција како официјален кредитор, оставајќи ги зад себе ММФ и Светска банка.

Во неодамнешна студија, тим истражувачи открија дека Кина е најголемиот таен кредитор на светот. Експертите спроведоа прво сеопфатно истражување за кредитирањето на азискиот џин и други финансиски токови.

Извештајот под името „Кинеско кредитирање во странство“, чии автори се Себастијан Хорн (Универзитетот во Минхен, Институт во Кил), Кармен Рајнхарт (Универзитет Харвард) и Кристоф Требек (Институт во Кил), кои истражувале многу јавни и помалку јавни извори за собирање податоци кои покриваат период од шест децении, опфаќа илјадници кредити и грантови за 152 земји.

Еден од членовите во тимот, Требек изјави дека Кина секогаш била активен меѓународен доверител, позајмувајќи им големи износи на државите.

– Зголемувањето на вкупниот одлив на кредити во изминатите две децении беше речиси без преседан, споредено само со бранот на американското официјално позајмување по Првата и Втората светска војна, истакна Требек.

Во периодот меѓу 2000 и 2017 година, обврзниците на странските должници кон Кина се зголемиле со помалку од 500 милијарди долари, достигнувајќи над пет билиони долари, или околу еден процент од глобалното економско производство на повеќе од шест отсто.

Освен тоа, кинеската Влада има одобрено и голем број директни кредити, особено на земјите во развој.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала