Отфрлена кривичната пријава против стечајниот управник и стечајната судијка на „Фени“

Од:

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од страна на „Транспаренси интернешнл“ против стечајниот управник на „Фени индустри“, Мирослав Анастасиевски, и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска. Во образложението на ОЈО стои дека нема основано сомневање дека тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето.

Обвинителството направило увид во предметот, а од судот прибавила документација, која покажала дека нема прекршување на законот.

„Од прибавената документација произлезе дека стечајниот управник, односно пријавениот Мирослав Анастасиевски, објавил оглас за прибирање писмени понуди за склучување договор за преработка на никелова руда, врз основа на одлука донесена од одборот на доверители. Анастасиевски изготвил нацрт-верзија на договор за преработка, кој повторно бил разгледуван од одборот на доверители, па по прифаќањето на забелешките на членовите, одборот го задолжил стечајниот управник да склучи договор со единствениот понудувач „Глобал спешл опортјунитис лтд“.

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ пред речиси една година поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност против стечајниот управник Мирослав Анастасиевски и стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска поради нетранспарентност и други многубројни забележани неправилности кои ја карактеризираат стечајната постапка на „Фени индустри“ и укажуваат на оправдан сомнеж за коруптивно однесување.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска