Оштетените штедачи од Еуростандард банка се сретнаа со Заев и со Битиќи

Од:

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска информира дека повторно имале средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-На состанокот беше повторено барањето на Здружението за носење закон со којшто државата ќе ги преземе побарувањата од физичките и правни лице депоненти на Еуростандард банка и ќе ги обесштети, а потоа државата да наплати од стечајната маса и воедно директно расчисти со криминалот со давање на неповратни кредити којшто се случувал во банката со години. Исто така, беше потенцирано дека сите пратенички групи во Собранието веќе ја дадоа нивната целосна поддршка за носење на предлог-законот, се вели во соопштението.

Премиерот, и покрај првично изразената волја да се помогне, како што се наведува, сега изјави дека тоа е спротивно на законските норми кои важат во нашата земја и дека државата не може да ги обесштети оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка преку закон затоа што такво мислење добил од меѓународните финансиски институции. Тој предочил дека Народната Банка на времено реагирала и презела се што е во нејзина надлежност во однос на нерегуларностите во работењето на Еуростандард банка. Иницијативниот одбор, како што се наведува, изрази негодување во врска со таа изјава наведувајќи дека токму под директен надзор и контрола на Народната банка над Еуростандард банка во текот на повеќе минати години се одвивал криминалот тежок речиси 60 милиони евра кои ќе недостасуваат во стечајната постапка за обештетување на оштетените депоненти.

-Исто така, беа потенцирани фрапантните 72 отсто ненаплатливи и тешко наплатливи кредити од кредитното портфолио на фирми во банката наспроти 4,7 отсто колкав што е сега просекот во банкарскиот систем во земјата, со што се покажува дека оваа разлика морала да биде видена од редовните контроли на Народната Банка доколку биле извршувани. На основа на овие и други официјални податоци за состојбата на банката на денот за нејзино затворање, Иницијативниот одбор на Здружението го изрази својот сомнеж дека ненавременото делување на Народната Банка во детектирање и санкционирање на злоупотребите коишто почнале да се случувале во банката пред повеќе години и постепено ескалирале, има одговорност и придонес во тешката состојба во која се наоѓаат оштетените физички и правни лица, а кои сега се оставени сами да се борат за исправање на оваа неправда и грабеж настанати без нивна вина, се вели во соопштението.

Членовите на Иницијативниот одбор ја поздравуваат изјавата на премиерот дека веќе се покренати кривични пријави и други мерки што се во надлежност на Јавното обвинителство. Тие изразија надеж дека одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата и за сторениот криминал ќе одговараат со своите лични имоти и имотите на нивните семејства за покривање на загубите од криминалот направен во Еуростандард банка.

Би можело да ве интересира

Надзорна расправа за утврдување на причините за стечајот на Еуростандард банка

Ана Ололовска

Обесштетени 80 отсто од штедачите во Еуростандард, исплатени 3,3 милијарди денари

Ана Ололовска

Оштетени штедачи во „Еуростандард“: Фирми не плаќале рати за кредитите и немале покритие за нив

Ана Ололовска

Оштетените штедачи од Еуростандард бараат државата да најде начин да ги обесштети, повикуваат на европски примери

Ана Ололовска

Оштетените штедачи на Еуростандард банка со иницијатива до Уставниот суд

Ана Ололовска

Исплатени 3,2 милијарди денари за обештетување на депоненти од „Еуростандард банка“

Ана Ололовска