Оштетени штедачи во „Еуростандард“: Фирми не плаќале рати за кредитите и немале покритие за нив

Од:

Здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“, повикувајќи се на извештајот од стечајниот управник, денеска преку соопштение информира дека на денот на затворањето на банката на 12 август имало 149 фирми со неисплатени кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра.

Во соопштението се наведува дека фирмите не ги плаќале ратите на кредитите и оти обезбедувањето на кредитите било далеку под износот на кредитот што им бил даван на компаниите.

– Ниту една од овие фирми немала платено ниту една рата, а доцнеле со плаќање од неколку стотини до преку 1300 денови. Земени кредити во стотици илјади до милионски суми во евра. Тоа што е најстрашно е обезбедувањето кај овие фирми. Имено, најголем број од нив имаат обезбедување во станбен и деловен простор, опрема, моторни возила, залог на трговска стока или земјоделско земјиште чиишто проценети вредности најчесто се движат од 5 до 50 отсто од износот на кредитот, се наведува во соопштението.

Кредитите на околу 60 фирми, како што се посочува во соопштението, бил покриени само со меници.

Вината за ова, според здружението на оштетени штедачи, е во раководните лица на банката и во Народната банка.

– Резултатот од таквото однесување е познат денес. Во сред пандемија, голема здравствена и економска криза, криминалците од банката помогнати од замижувањето и неделувањето на Народна банка за време на нејзините вршени контроли почнувајќи од 2013 година па наваму, не оставија без нашиот личен капитал, имот, сигурност, здравје, живот, сегашност и иднина, се вели во соопштението и се додава дека се работи за над 700 физички лица кои загубиле повеќе од 24 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Трифун Костовски по отфрлената жалба за замрзнатиот имот: Објавувам граѓанска непослушност

Жарко Настоски

Итно дејствување од надлежите институции бараат оштетените штедачи од Еуростандард банка

Ана Ололовска

Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот

Ана Ололовска

Надзорна расправа за утврдување на причините за стечајот на Еуростандард банка

Ана Ололовска

Обесштетени 80 отсто од штедачите во Еуростандард, исплатени 3,3 милијарди денари

Ана Ололовска

Оштетените штедачи од Еуростандард бараат државата да најде начин да ги обесштети, повикуваат на европски примери

Ана Ололовска