Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат исплата на субвенциите

Од:

Земјоделците од кочанскиот регион кои произведуваат ориз денеска во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип.

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството истакнаа дека на овој начин го изразуваат незадоволството од лошата состојба во која се наоѓаат и што што Владата сè уште не им ги исплатила субвенциите за предадената оризова арпа од минатогодишната реколта.

– Откупната цена е ниска, изнесува од 15 до 20 денари за килограм арпа, а не сме ги добиле субвенциите. Владата нема слух да најде начин да задоволи барем дел од нашите потреби. Не сме опфатени ниту се една од петте ковид-мерки, поради што до крајот на февруари бараме исплата на редовните субвенции што ни следуваат по закон. Веќе почнуваат подготовките за новата сеидба на оризот и тие средства ни се потребни. Поради ниските откупни цени бараме дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа, истакна Драгољуб Гаврилов, член на Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

Земјоделците побараа и исплата на надоместокот за „зелена“ нафта, како и определување на заштитна цена за килограм ориз.

-Откупувачите сами ја определуваат најниската откупна цена, а ние како земјоделци сме принудени да им ги предадеме произведените количини со оглед што сме должни да ги платиме обврските за воден надоместок, за набавеното ѓубриво и репроматеријали и за другите трошоци. Цената на нафта е покачена, поскапи се вештачките ѓубрива и најжално ќе биде ако земјоделците не можат да ја почнат сеидбата на оризот, истакна оризопроизводителот Тони Максимов.

Земјоделците од кочанскиот регион нагласија дека очекуваат брза реакција од Владата, зошто во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници