Општините заинтересирани за вградување фотоволтаични системи на јавните објекти

Од:

Општините заинтересирани за користење на средства за вградвање фотоволтаични системи на јавни објекти. На објавениот повик се добиени голем број апликации од 30-те општини кои можат да аплицираат а се од региони со понизок БДП по глава на жител. На располагање се два милиони евра грант средства од ИПА на ЕУ.

– Пред извесно време најавивме дека општините ќе може да аплицираат за средства за фотоволтаични системи во јавни објекти. Ние сме задоволни бидејќи добивме голем број апликации од општините кои се наоѓаат во региони со понизок БДП по глава на жител. Станува збор за околу 30 општини тие аплицираа со проекти преку кои ќе постават фотоволтаични системи во објекти на училишта, противпожарни станици, административни згради, печистителни станици.., изјави министерот за финансии вчера одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето договори со општините во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството и Светска банка.

Тој оцени дека е најважно оти градоначлниците и општините имаат навистина интерес да ја подобрат ефикасноста, односно да ги намалат трошоците пред се на електрична енергија со користење на вакви системи.

– Ова е добро бидејќи од една страна на Република Македонија ќе го подобри користењето на обновливата енергија, а од друга страна ќе ги намалиме трошоците бидејќи овие системи во јавни објекти ќе ги намалат трошоците, посочува Тевдовски.

Тој појасни дека ќе следи анализа на проектите, а потоа ќе се влезе во фаза на тендерирање и обезбедување на фотоволтаични системи.

Грантот е наменет за 35 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител. Средствата на општините им се доделуваат во форма на грантови и истите треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

Би можело да ве интересира

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски

Владата го трошела буџетот на одделни институции, долгот зголемен за 567 милиони евра, утврдија ревизорите

Орце Костов