ОН: Цените на храната во светот пораснаа за 30 отсто

Од:

Поради војната во Украина, поскапеа житарките, нафтата, горивото и ѓубривата, поради што генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека тоа ќе ја влоши прехранбената, енергетската и економската криза во сиромашните земји.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи се на состанокот за безбедност на храната организиран од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Гутереш апелираше до Русија да дозволи „извоз на житарки складирани во украинските пристаништа“.

Шефот на програмата за храна при ОН Дејвид Бизли, исто така, апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори украинските пристаништа. – Не се работи само за Украина, туку и за најсиромашните, кои се на работ на гладување, предупреди Бизли.

Блинкен рече дека мора да ја принудат Русија да дозволи извоз на храна преку соодветни коридори.

– Се проценува дека во моментов во Украина има 22 милиони тони житни култури во силоси, рече Блинкен.

Цените на храната на светскиот пазар се за 30 отсто повисоки од истиот период минатата година, покажуваат податоците на ОН, пренесува Би-би-си.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО: Ги тренираме Украинците од 2014, затоа толку успешно се бранат од Русите

А1он

Зеленска: Не ја заборавајте трагедијата на Украина за време на празниците

А1он

Украина: Русите лансираa девет проектили и 13 воздушни напади, ние ги одбивме

А1он

Папата ги нарече руските сили „сурови“, Русија бесна

А1он

Путин предложи: Нова унија со Казахстан и Узбекистан?

А1он

Во Киев вонредни исклучувања на струјата