Околу милион и 400 илјади евра должат две винарии на лозарите за грозје од пред неколку години

Од:

Околу милион и 400 илјади евра им должат две винарии на лозарите за грозје од пред неколку години. Оваа информација ја потврдија од Државниот инспекторат за земјоделство.

-Винарската визба “Повардарие” од Неготино, според податоците со кои располагаме, должи уште околу 780 илјади евра за откупено грозје во 2014 и 2015 година. Исплатени беа околу 5,2 милиона евра и расчистени беа обврските за реколтата од 2016 година. Следните две години оваа винарница не откупуваше грозје, појаснија од Инспекторатот.

Винаријата “Стефани вајнерс” во стечај од Кавадарци, според податоците на Инспекторатот, на лозаропроизводителите им должи околу 649 илјади евра, за грозје откупено пред неколку години.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор