Охрид не очекува позначајна посетеност за претстојните новогодишни и божикни празници

Од:

Охрид и овие новогодишни празници не може да се надева на некоја позначајна посетеност, барем кога се следат информациите на сопствениците на сместувачки капацитети на ривиерата.

Хотелиерите велат дека мошне е слаб интересот за закуп на соби за претстојните новогодишни и божикни празници, на прсти може да се избројат резервациите на соби на нецели две седмици пред дочекот на новата 2022 година.

Некои од хотелиерите велат дека можеби и тие носат дел од вината за таквата состојба оттаму што мошне задоцнето настапиле со своите понуди, со лични оправдувања дека тоа најмногу е последица на непознаницата наметната од епидемијата на коронавирусот и измените во протоколите за кои не се знаеше какви ќе бидат кога станува збор за угосителскиот сектор.

Забраната за влез на невакцинирани односно лица без направен соодветен негативен тест ги преполови туристичките пазари од државите во соседството, кои традиционално беа најбројни гости во Охрид за новогодишните празници. Статистиките говорат дека степенот на имунизираност во регионот е некаде околу 50 отсто од населението, што значи дека за половина од граѓаните на соседните држави Охрид не е ниту опција за новогодишните празници.

Цените на празничните аранжмани, барем според хотелиерите, не се покачени споредено со изминатите години и варираат зависно категоризацијата на објеките, од 5.500 денари за дводневно сместување со дочек на Новата година, до некаде 180 евра за тридневни аранжмани во најрепрезентативните хотели.

Инаку, исполнетоста кај некои од поевтините капацитети ќе биде најмногу околу 50 отсто и тоа претежно со домашни гости.

За разлика од хотелите, угостителите и сопствениците на кафеани и ресторани очекуваат подобра посетеност за празниците. Речиси сите со свои понуди за „најлудата ноќ“, и цени зависно од тоа што им е на располагање на гостите. Има дочеци на Новата година со понуди и од 1.500 денари со ограничен број пијалаци и мезе од апетисани, овошје, слатки, до дочек со комплетно новогодишно мени и неограничен пијалак за некаде околу 50 евра по лице. Секако, ќе се нуди добра забава до раните утрински часови, но со следење на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19.

Дочек во Охрид ќе има и на отворено на Градскиот плоштад, со настапи на локални уметници, групи и исполнувачи. Охриѓани и гостите за Новогодишната ноќ ќе ги забавуваат „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите Фејс и Гец заедно со Јана Слеј.

Музичка забава на Градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1 јануари, од 13 до 15 часот, кога ќе настапат членови на охридскиот музички еснаф во проширен камерен оркестар со изведби на охридски композиции. На 2 јануари од 13 до 15 часот забавата ќе продолжи со настап на „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка