ОЕЦД: Новиот глобален данок на земјите ќе им донесе 150 милијарди долари приход

Од:

Договорот за промена на глобалниот даночен систем ќе ја ограничи даночната конкуренција и ќе им обезбеди на земјите дополнителни приходи од околу 150 милијарди долари потребни во постпандемискиот период, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Преговорите за новиот даночен систем започнаа под покровителство на ОЕЦД пред речиси една деценија за да се воспостави заедничка рамка за оданочување на мултинационални компании и да се затворат даночните „дупки“ што им овозможуваат на дигиталните компании да ги избегнуваат даночните обврски.

Предложена е минимална глобална даночна стапка на корпорации од најмалку 15 проценти, што треба да ја ограничи даночната конкуренција и да ги заштити даночните бази, соопшти ОЕЦД.

Тоа е дел од пакетот нови даночни регулативи и прераспределба на правата на оданочување на најголемите компании, посочуваат од Организацијата, објаснувајќи дека дел од правата ќе бидат пренасочени од матичните земји на компаниите кон оние во кои тие работат, соопшти ОЕЦД .

Предлозите ќе ја обезбедат толку потребната поддршка на владите кои се обидуваат да ги наполнат буџетите во период на зголемени инвестиции во јавни услуги, инфраструктура и мерки неопходни за создавање услови за закрепнување во постпандемискиот период, соопшти ОЕЦД.

Прераспределбата на даночните права се очекува да отвори можност за оданочување на над 100 милијарди долари профит годишно, а минималната глобална даночна стапка од најмалку 15 проценти ќе генерира околу 150 милијарди долари дополнителни приходи годишно, проценуваат тие.

Дополнителна придобивка ќе се рефлектира во стабилизирање на меѓународниот даночен систем и подобрена даночна транспарентност за даночните управи и даночните обврзници, додаваат тие.

Предлогот вчера беше поддржан од 130 од 139 членки на ОЕЦД и иницијативата Г20 за борба против ерозијата на даночната основа и промената на профитот. Девет членки на иницијативата сè уште не се приклучија на изјавата за договорот, се вели во соопштението на ОЕЦД.

– Овој историски пакет, по долгогодишна интензивна работа и преговори, ќе обезбеди големи мултинационални компании да плаќаат фер даноци насекаде, рече генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

Интересите на малите и економиите во развој беа исто така се земени предвид, додаде тој.

– Пакетот не ја елиминира даночната конкуренција ниту тоа беше негова цел, но поставува мултилатерално договорени ограничувања, заклучи челникот на ОЕЦД.

Останатите елементи на новиот даночен систем треба да бидат завршени до октомври оваа година, а планот за воведување нови регулативи до 2023 година, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска