Одобрени уште 1,4 милиони евра барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Од:

Нова група од 124 барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА програмата.

Од Развојната банка на Северна Македонија денеска соопштија дека се одобрени 1,4 милиони евра за овие кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија.

Досега, од кредитната линија, за која се предвидени средства од 31 милион евра, вкупно се одобрени 2.583 кредитни барања со износ од 29,3 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември лани.

Најголем број од барањата се од мали компании (1.368), по што следуваат микро компаниите со 999 кредитни барања, трговците поединци со 164 и занаетчиите со 52 кредитни барања.

Најголем дел од вкупно одобрените кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион и тоа 32 проценти. Следуваат Полошкиот регион со 15 проценти, Југоисточниот со 12 проценти и Југозападниот регион со 11 проценти. Источниот и Пелагонискиот регион имаат по десет отсто од одобрените кредитни барања, а од Вардарскиот и Североисточниот регион со пет отсто од одобрените кредитни барања.

– Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија, велат од Развојната банка.

Би можело да ве интересира

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов

Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

Орце Костов

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !