Одобрени нови 337 барања од 27,9 милиони евра од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Од:

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА програмата, соопшти Развојната банка на Република Северна Македонија.

Од кредитната линија, за која се предвидени средства до 31 милион евра, досега вкупно се одобрени 2459 кредитни барања, на вкупен износ од 27,9 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година.

Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 1307 кредитни барања се од мали компании, 945 од микро компании, 157 кредитни барања од трговци-поединци и 50 кредитни барања се од занаетчии.

Како што наведуваат во соопштението, најголем дел од одобрените 2459 кредитни барања, доаѓаат од скопскиот регион и тоа 31 отсто, а по него следат полошкиот регион со 15 отсто, па југозападниот и југоисточниот регион со по 12 отсто. Следни се источниот и пелагонискиот регион со десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од вардарскиот и североисточниот регион доаѓаат пет отсто од одобрените кредитни барања.

Од Разввојната банка наведуваат дека кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него.

Одобрувањето на кредитните барања се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Би можело да ве интересира

Нова кредитна линија на Развојната банка наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација

10 милиони евра докапитализација на Развојна банка од страна на државата, наменети за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза

Ана Ололовска

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

А1он

Именувани нови членови на Надзорниот одбор на Развојната банка

Ана Ололовска

Развојна банка: 11 декември краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за „Ковид 3“ кредитната линија

Ана Ололовска

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3“ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

А1он