Одобрени дополнителни средства за стабилно производство и снабдување со електрична енергија

Од:

На денешната 11-та седница, Владата ja донесе одлуката за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

Со оваа одлука се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија.

„На оваа своја седница Владата одобри АД Електрани на Северна Македонија да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на доспевање на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година, од ЕВН АД до 01.07.2022 година.

Во врска со ова, Владата го задолжи АД ЕСМ да склучи Анекс на договорите со ЕВН со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на доспеаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање.

Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.

За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов