Одобрени 2.678 кредитни барања во износ од 30,3 милиони евра од третата кредитна линија на Развојната банка

Од:

Вкупно 2.678 барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонентна „Ковид 3“ на Развојната банка на Северна Македонија. Вкупниот износ за одобрените барања, како што денеска соопшти Банката, е 30,3 милиони евра.

На јавниот повик „Ковид 3“ пристигнале кредитни барања од 3.282 компании од кои обработени се вкупно 3.155 барања или 96 проценти. Од нив, 2.678 апликации ги исполниле условите од јавниот повик, а 477 не исполниле најмалку еден или повеќе услови во повикот.

Најмногу од одобрените кредитни барања или 1.413 се од мали компании, 1037 од микро компании, 170 од трговци-поединци и 58 се барања од занаетчии. Корисниците на бескаматните кредити од третата линија вработуваат вкупно 18.927 лица.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов