Од следниот месец модернизација на патарините на Коридорот 8

Од:

Конзорциумот „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избран за најповолен понудувач на тендерот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за спроведување на проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип. Договорот, како што информираат од ЈПДП, треба да стартува од 1-ви следниот месец.

– Постапката заврши. Избран е најповолен понудувач, а тоа е „ЈВ Аселсан-Жикол“ конзорциум. Вредноста на договорот ќе изнесува 12.489.356 евра. Датум на ефективност на Договорот е 01.02.2021 година, односно ова е и датум на отпочнување на градежните работи, изјавија од ЈПДП.

Тендерот беше распишан на крајот на септември лани. „ЈВ Аселсан-Жикол“ е избрана од трите компании кои влегоа во втората фаза на тендерот од вкупно петте што доставија апликации во првата фаза.

Како што беше претходно објавено, проектот опфаќа, модернизација со електронски систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8 и изградба на нови наплатни станици на автопатот во изградба Кичево-Охрид и на Миладиновци-Штип.

Турски „Аселсан“ го постави и електронскиот систем за наплата на патарини на Коридорот 10, што беше воведен во јули 2019 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска